Докторката Билјана е четвртата жртва на коронавирусот во Ниш - на свет донела стотици бебиња, градот во жалост

Смртта на докторката на гинекологија во Ниш, 59-годишната Билјана Натиќ Љумовиќ од коронавирусот длабоко потресе многу нејзини пациенти. Многумина на социјалните мрежи се збогуваат од неа со топли зборови.

Оваа докторка која од 21. март беше на респираторна машина како што се претпоставува се заразила од жена која за  8. Март дошла во Ниш на преглед кај починатата докторка. После гинеколошки преглед, таа направила преглед и кај пластичен хирург кој исто така е во таа клиника заразен во вирусот Ковид-19.

Во Прокупље каде таа работела до префрлањето во болницата во Ниш, не можат да прецизираат колку бебиња донела на свет, но како што велат, сигурно се мерат со неколку стотици.

Еден од заболените лекари вели дека не знае како се заразил.

-Не смеам јавно да зборувам. Ми падна температурата, јадам чорби затоа што не чувствувам некаква глад. Не знам како се заразив - рекол докторот.

Тој и починатата докторка, како и уште десет лекари во Ниш се заразени со коронавирус, а од нив никој не е на респираторна машина и сите се дома во домашна изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега