Докторка споделила трик од 60 секунди кој ја подобрува заштитата на маската за лице

Носењето маски стана задолжително во сите затворени простории и во средствата за јавен превоз. Меѓутоа, ретки се оние кои успеале да пронајдат маска која идеално им прилега и овозможува добра заштита од коронавирусот.

Ако маската не ви прилега добро на лицето, таа не е ефикасна во заштитата од бактерии и вируси кои можат да продрат до вашиот нос или уста. 

Стоматологот Оливија Кујд на популарната мрежа “TikTok” открила дека постои трик со кој можете да се послужите за да го решите наведениот проблем.

Кујд покажала што е потребно за подобро да ја прицврстите заштитната маска.

Најпрво свиткајте ја маската на половина. Направете чвор од секоја страна, што е можно поблиску до самата маска. Отворете ја маската и свртете ги ситните отвори на рабовите навнатре. Маската по тоа би требало совршено да ви прилега.

Оваа снимка досега ја погледнале 3,4 милиони луѓе.

@oliviacuidmd

Highly requested 60s version of my viral mask hack ##fyp ##doctorsoftiktok ##masktutorial ##covid19 ##viral ##maskhack ##learnontiktok

♬ original sound - oliviacuidmd

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега