Докторка од Куманово секој ден ја опишува борбата со вирусот

Гордана Николиќ, докторка од Куманово, дури и сега, кога е пациент со коронавирус, ја покажува длабоката етичка смисла на тоа да се биде лекар и дека тоа е нешто што коронавирусот не може да го промени. 

Николиќ, која е една од ретките што ја информира јавноста речиси секој ден за тоа како тече лекувањето, како во нејзиниот случај симптомите се повлекуваат, па се појавуваат и се засилуваат, па потоа повторно се повлекуваат.

„Вo почетокот малку го потценив Ковид -19, имав лесни симптоми, мислев така ќе помине . Една недела така беше, но наместо да одам на подобро , почна на полошо. Поголема температура, кашлање и замор и при најмало зборување по мобилен, ми се скратуваше здивот. Апетитот нула. Од пневмонијата било...И од понеделник ете ме во болница . Персоналот си ја знае работата , сестрите многу работат, а секогаш љубезни влегуваат во собата , ми мерат притисок, пулс, сатурација, температура, постои мобилен број залепен во соба на кој пациентите се јавуваат на сестрите кога имаат потреба. Има залепено и број за психолошка подршка , но јас веќе ја имам мојата докторка која секој ден ми врти . Значи сестрите секогаш со прашање како сте денес , и на така замаскирани од очите им ја читам искреноста . Дури и чистачките ќе влезат да исчистат , ќе поздрават . Секогаш носам маска и чаршав ставам преку нос и уста да не ми се прикашла кога се во соба. И тие веројатно со страв идат на работа , а сепак љубезни. Сакав малку да напишам за средниот медецински персонал бидејќи навистина ја заслужуваат сета моја почит . Инаку голема е одговорноста на инфектологот, тој треба да одреди терапија со која ќе ви биде подобро. Мојата докторка која ме прими ми ја одреди терапијата , ми земаат крв секој ден и ме пратат така. И верувам, безрезервно ! Медицинскиот тим секогаш го сочинуваат доктори и сестри , кои со добра координација постигнуваат. И снегот се топи и го снемува и Ковид -19 ќе помине, но јас никогаш нема да ги заборавам емоциите и чувствата од овој период....“ напиша таа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега