Докторка и болничарка од Неврологија заразени со морбили - Едно детенце на апарати за дишење

Докторка и болничарка на Клиниката за неврологија пред два дена заболеле од морбили, дознава НОВА. Двете вработени најверојатно се заразиле од пациентка која пред две недели била хоспитализирана поради слабост во нозете

Утринава на сите вработени на Неврологија им била земена крв за анализа за да се утврдат антителата во крвта, по што ќе се вакцинираат тие што ги немаат, потврдил за НОВА директорот Иван Барбов.

- „Веднаш штом се утврди дека се работи за морбили пациентката беше изолирана, а кога се утврди дека симптомите се од морбилите и состојбата се подобри, беше испишана од клиниката. Ние веднаш ја известивме градинката и Институтот за јавно здравје. Во меѓувреме, се разболеа двете вработени“, вели тој.

На Клиниката за неврологија се хоспитализирани тешко болни пациенти, најчесто со мозочни удари за кои евентуалната зараза со морбили може да биде фатална.

На Клиниката за детски болести во моментот има четворица заболени од  медицинскиот персонал, а хоспитализирани се десет деца со морбили. Едно од нив е во тешка состојба и е приклучено на респиратор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега