Докторка го открива она што најмногу не интересира: Дали короната се пренесува преку воздух и колку се задржува на предметите

Коронавирусот во 96 отсто случаи се пренесува преку капки, а во четири отсто од случаите преку воздухот, рекла шефицата на рускиот државен орган за сантарен надзор и контрола, Ана Попова.

Вирусот има способност да опстане 72 часа на површина на некој предмет, додала таа.

„Денес знаеме дека вирусот претежно се пренесува преку капки, капљичен пат, а само четири отсто останува на воздушниот пат“, рекла Попова за новинарите. Според неа, 25 отсто од инфицираните од новиот вирус во Русија немаат симптоми.

Тие, меѓутоа се преносители на вирусот.

Попова на брифингот навела и податок дека дневно во Русија се спроведуваат 34.000-37.000 тестови, а таа бројка само ќе се зголемува. Констатирала и дека најголемиот број Руси ги почитуваат мерките за изолација, иако значајна е бројката на такви кои со своето однесување ги доведуваат другите во опасност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега