Докторите се борат за животот на Дарко Лазиќ: Возел пијан, а шест години немал возачка дозвола

 

Српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој утринава доживеа страшна несреќа на автопат во Србија, шест години нема возачка дозвола, а во моментите додека возел бил во алкохолизирана состојба, пренесуваат српските медиуми.

Последните информации кои доаѓаат од српските медиуми говорат дека пејачот заспал зад воланот, во моментите пред да се случи несреќата. Лазиќ пред да влезе во автомобило бил на забава кај негови пријатели.

-Сообраќајката се случи рано утринава. Претходно, Дарко конзумираше алкохол во неверојатни количини, во алкохолизирана состојба седна зад воланот. Заврши како што заврши, вели негов близок пријател за српските медиуми, кој сакал да остане анонимен.

Малку е познато дека Дарко воопшто не смеел да седне зад волан, затоа што фолк-пејачот веќе шест години не поседувал возачка дозвола. Да биде работата уште полоша за него, српскиот пејач во изминатиот период имал дури десетина сообраќајни незгоди.

Тој во монетов се бори за живот. Требало да му се прават итни операции, но докторите се сомневаат дека има внатрешно крварење.

 

 

 

23.10.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега