„Докторите ми рекоа да се подготвам за смртта“ - познатата актерка проговорила за тешката болест

На актерката Селма Блер, пред скоро една година ѝ беше дијагностицирана мултипла склероза. Таа за својата борба со тешката болест зборуваше јавно, а сега признала дека ѝ се намалуваат опциите за ублажување на болката поради состојбата во која се наоѓа.

„Средствата за ублажување на симптомите не помагаат и се чувствувам се полошо и полошо“, рекла таа на панелот за здравје во Њујорк кој бил организирам од Time 100.

Во потрага по лек препорачано ѝ било пресадување на мтични ќелии, но и агресивна хемотерапија за да се обноват нејзините ќелии.

„Реков дека не сакам да го правам тоа, затоа што не сакам да го уништам своето тело. Зошто во своето тело да ставам таков вид дрога, хемотерапија? Па немам рак“, рекла Блер која подоцна сепак земала мала доза хемотерапија пред да ѝ бидат пресадени матичните ќелии.

Додала дека веднаш почувствувала олеснување.

„Лекарите сепак ми рекоа да правам планови за својата смрт. Му го пренесов тоа на син ми кој ми рече дека сака да ме кремиераат“, рекла актерката.

Порачала дека сега чека да ѝ порасне косата која ѝ опаднала поради хемотерапијата, но дека тоа што нема коса не ѝ пречи многу.

„Важно ми е само да сум што подолго покрај својот син“, рекла актерката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега