Докторите го повлекоа Никола Тодоров од сведок во случајот за Тамара Димовска

На листата сведоци за случајот на малата Тамара Димовска повеќе не е поранешниот министер за здравство Никола Тодоров бидејќи обвинетите се откажаа од голем број на нивни сведоци меѓу кои и Тодоров. Ова беше прифатливо и за обвинителот Анел Фидоски, но не за мајката. Судијата Марин Станев само го констатираше  барањето на адвокатите, пренесува Телма.

На денешното рочиште сведочеше матичната докторка на Тамара и правник од велешката болница. Матичната Розета Босилкова потенцираше дека последен пат тамара била донесена седум месеци пред да почине. Според обдукцијата рече, девојчето починало од бронхопневмонија. Татјана Атанасова пак потврди дека во велешката болница нема пулмологија, а на интензивна нега Димовска не била пациент.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега