Доктор во Србија жива баба ја прогласил за мртва- кога се појавиле од погребалната служба таа отворила очи

Баба во Србија е прогласена за мртва, а по погрешната дијагноза живеела уште 4 дена.

Лекарот на итната помош, 30- годишниот Небојша Б. дал отказ пред да му биде изреченасузпензија, бидејќи на 1 август, 89- годишната пациентка И.К ја прегледал и ја прогласил за мртва иако жената уште 4 дена после тоа била жива.

Бабатасо погрешна дијагноза живеела уште неколку дена па починала во болница.Лекарот признал дека направил грешкја, а внатрешната контрола утврдила дека при прегледот докторот не користел ниту стетоскоп ниту екг апарат.

Лекарот бил суспендиран на 15 дена, но самиот си поднел отказ.

Откако лекарот ја прогласил жената за мртва пристигнале од погребалната служба и ги замолиле роднините да и го симнат накитот, таа давала знаци на живот.Повторно повикале итна помош и старицата била префрлена во болница, а починала четири дена подоцна

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2019 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега