Доктор сведочеше за смртта на Џорџ Флојд и откри кои биле причините за смрт

Лекар кој сведочеше на судењето на поранешниот американски полицаец обвинет за убиството на Џорџ Флојд потврди дека починал од недостаток на кислород.

Би-Би-Си јавува дека сведокот, докторот Мартин Тобин, ги побил обвинувањата на одбраната и рекол дека лекот „фентанил“ не ја предизвикал смртта на Флојд и дека дури и здраво лице ќе умре како резултат на ваквата полициска акција.

Друг лекар, експерт за судска медицина, Бил Смок, рече дека „фенатилот“ може да го забави дишењето, но дека Флојд очајно се борел за воздух, што не е случај со задушување кај овој лек, бидејќи луѓето кои се предозираат често не се ни свесни дека им недостасува кислород и делуваат поспано, што не е случај со Флојд врз основа на снимката што постои, според Би-Би-Си.

Адвокатите на одбраната тврдат дека 46-годишниот Флојд починал од предозирање и поради лошото здравје.

Џорџ Флојд почина во бруталната полициска интервенција на 25 мај. Снимките на белиот полицаец кој клечи врз вратот на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој потоа почина, предизвикаа протести против расизмот ширум светот.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега