Доктор се откажа од советничкото место: Човек треба да биде скромен, сепак сум директор и професор на Медицинскиот факултет

Треба човек да има образ и да биде скромен, сепак сум директор и професор на Медицинскиот факултет имам повеќе ангажмани и би било во ред спрема партијата и граѓаните да го отстапам местото на следниот кандидат, вели во изјава за „Локално“ доктор Виктор Исјановски, директор на Здравствениот дом-Скопје,  кој се повлече од советничкото место во Општина Карпош.

-Пред се помислив да не има некој конфликт на интереси бидејќи сум на позиција на една голема државна функција како директор на Здравствениот дом-Скопје имам доста ангажамани со пандемијата како и во моментов со вакцинацијата за сезонскиот грип. На изборите освоивме осум советнички места во општината Карпош, кажа Исјановски.

Инаку, според избирачкиот список, Гордана Ивановска Велковска од редовите на СДСМ ќе биде негова замена во советот во општина Карпош.

10.11.2021 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега