Доктор од Крушево почина од коронавирус

Општ лекар од Крушево е уште едно медицинско лице кое ја загуби битката со коронавирусот.

Докторот Вангел Трајчулески бил хоспитализиран десетина дена во инфективната клиника, а денеска починал поради компликации од Ковид-19.

Весна за неговата смрт ја потврдија од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) .

– Уште една жртва доктор. Нека почива во мир нашиот колега од Крушево, д-р Вангел. Сочувство и добро здравје до семејството! – стои во објавата на АСМЛ на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега