Доктор објасни кога ракавиците можат да направат поголема штета отколку корист

Многу луѓе носат ракавици додека одат во супермаркет, аптека или во купување. Но тие не нѐ штитат ако не ги користиме правилно.

Докторот Каран Рангаранџан, хирург од Националната здравствена служба на Велика Британија објасни дека носењето ракавици наместо редовно миење на рацете претставува поголем ризик.

-Носите ракавици, а во супермаркет сте, допирате нешто – ете... микроби. За време на денот со истите тие ракавици допирате уште работи. Собирате микроби. На вашите ракавици сега се наоѓаат повеќе микроби отколку кога би ги миеле рацете секој пат, објаснува тој.

Според него, треба само да се мијат рацете, но и да се остане разумен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега