Доктор Кон открива кога ќе почне да опаѓа бројот на заразени со коронавирус: Попуштање на мерките не смее да се повтори

Епидемиолошката ситуација во Белград се поправа, за што јасно сведочат податоците од Ковид амбулантата, рекол денеска епидемиологот Предраг Кон.

Кон нагласил дека пред 13 јули во Белград имало и до 900 луиѓе сомнителни на Ковид-19 дневно, а дека потоа таа цифра почнала да се намалува.

„18 и 19 јули бројот на сомнителни падна под 600. Тоа е знак дека мерките даваат резултати и дека се поголем број на луѓе се навикнуваат на задолжително носење маски во затворен простор и јавен превоз. Луѓето сега ја почитуваат и физичката дистанца“, вели Кон и додава дека опуштањето на мерките не смее да се повтори.

Според него, младите луѓе најлесно се откажуваат од зададената дисциплина.

„Сигурен сум дека тоа сега нема да се повтори и дека за три ипол недели ќе се вратиме на состојбата во која бевме пред интензивната зараза во вториот наврат. Секако, сите препорачани мерки ќе мораме да ги почитуваме и тогаш“, рекол Кон.

За него нема дилема дека местата за пренесувањето на вирусот во јуни биле пред се матурските прослави, годишнините, ноќните клубови и другите поголеми прослави.

„Каде и да се пее луѓето се бакнуваат и играат и вирусот се пренесува. Секако беше ризично и да се престојува и на стадионите за време на натпревар или на некои предизборни собирања. Тоа ни е за памет за иднината“, рекол Кон.

За подобро лекување на пациентите кои се нашле на респиратор Кон истакнува употреба на дексаметазон.

„Факт е дека респираторите во одреден процент ги чуваат животите. Верувам дека резултатите ќе бидат подобри“, рекол Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2020 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа