Доктор го предупреди Владимир Путин: Русија мора да се подготви за италијанско сценарио

Руската влада нареди на цивилното воздухопловство од 27. март да ги суспендира сите редовни и чартер летови во Русија и надвор од неа.

На руските авиокомпании и понатаму ќе им биде дозволено да летаат во другите земји за да ги вратат руските државјани дома или ако имаат специјални овластувања од владата.

Најавата за забрана следувала откако Русија во средата забележала најголем дневен скок во бројот на заразени кога биле потврдени нови 163 случаи.

Новите мерки не се однесуваат на домашните летови во внатрешноста на Русија. Владата рекла дека Русите кои не можеле да се вратат дома поради ограничувањата, кои ги наметнала државата, треба да преземат мерки за да останат безбедни.

Русија минатата недела ги затвори своите граници за странци. Претходно утрината, Русија ги ограничи летовите кон Еу и од неа.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин рекол дека наскоро ќе најави нови поостри мерки за руската престолнина, велејчи дека следната недела сака да ги затвори парковите, кафулињата, рестораните и трговските центри.

Денис Протсенко, главниот лекар на новата московска болница која лекува болни со коронавирус, рекол дека Владимир Путин и Русија мора да бидат подготвени на „италијанското сценарио“.

„Ако дојде до голем скок на заразените, а Москва тргна кон тој правец, нашата болница е подготвена за трансформација“, рекол Потсенко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега