Доколку се докаже дека условите на патот се причина за смртта на 45 патници Бугарија ќе треба да исплати 13 милиони евра

Бугарски „Блиц“ пишува дека Република Бугарија ќе треба да исплати 125 илјади евра по лице односно околу 13 милиони евра за починатите од сообраќајната несреќа доколку се докаже дека условите на патот се причината за смртта на 45 државјани на Македонија.

„Вината за инцидентот е комплексна, како кај возачот на автобусот, така и кај инфраструктурата на подрачјето на несреќата“, изјави адвокатот Николај Димитров.

Според него, на прво читање, возачот не ги почитувал условите на патот на кој имало и намалена видливост. Но, од друга страна, може да се докаже дека за несреќата виновни се условите на патот, односно инфраструктурата и неговото одржување.

„Случајот е комплициран бидејќи бројот на загинати е огромен, а границите на осигурувањето од граѓанска одговорност на автобусот во Северна Македонија се ограничени и нема да можат да ги покријат сите побарувања на побарувачите“, рече адвокатот Димитров.

Пресметките покажуваат дека парите од осигурувањето нема да бидат доволни ниту за една десетина за покривање на штетите. Така, доколку се докаже вина на матичната Агенција за патна инфраструктура (РИА), најверојатно сите наследници ќе побаруваат отштета жалејќи се на патните услови, бидејќи Бугарија е местото каде што се случи несреќата. Експерти од бугарските осигурителни компании коментираат дека се очекува сумата да достигне најмалку 25 милиони лева (12,5 милиони евра).

 

26.11.2021 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега