Снег во моментов има на Попова Шапка, Маврово и Пониква, како и на повисоките врвови на Баба. Врнежите од снег се случиле во текот на ноќта, а во моментов не дува снег.

Сепак, снежната покривка сè уште не е доволна за скијање, информираат од терен.

Во Крушево нема снег, додека целосно суви се и ски-центрите во Михајлово и Пелистер.

Надлежните и ски-центрите ќе ја следат состојбата со временските услови и евентуалните нови врнежи во наредните денови.

Exit mobile version