Дојава за бомба пристигнала во уште едно основно училиште

Дојава за бомба пристигнала и во основното училиште „Кочо Рацин“ на Водно. Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, под чија надлежност е ова училиште информираше дека дојавата е лажна.

-Откако на мејл адреса на основното училиштето е упатена закана за поставена експлозивна направа, веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи по што полициски службеници веднаш го евакуираа училиштето. Преземени се сите мерки и антитерористички проверки, при што утврдено е дека станува збор за лажна пријава, соопштија од Општина Центар.

Денеска, првичната информација од МВР беше дека пристигнала дојава за бомби во осум средни училишта, а потоа од Министерството потврдија дека имало дојава и за едно основно училиште.

Од МВР не наведоа за кое училиште станува збор, но набргу потоа од Општина Карпош објавија дека дојава пристигнала во нивното основно училиште „Петар Поп Арсов во Карпош 4.

Со потврдата и од Општина Центар, тоа би значело дека покрај средните, дојави имало во две основни школи во Скопје.

01.12.2022 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега