Додиќ се плаши дека ќе го отрујат: Не пијам ни вода во Сараево

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик во разговор со медиумите кажа дека на Сараево не пие ниту вода затоа што се плаши да не го отрујат.

„Не ми е гајле. Не јадам, ни пијам кога сум во Сараево. Не сум будала да ме отрујат“, кажа Додик.

Додик вели дека не пие ниту вода од Сараево, туку си носи посебна со себе затоа што премногу внимава.

26.09.2022 - 16:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега