Додик: Ситуацијата во БиХ – најтешка од времето на Дејтонскиот договор

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денеска изјави дека сегашната состојба во БиХ е една од најтешките и најделикатните од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година.

Додик по седницата на Извршниот комитет на СНСД рече дека неговата партија ќе го стави Законот за Уставен суд на БиХ во редовна парламентарна постапка, чија примарна цел е да ги разреши странските судии.

Тој информира дека во наредните денови ќе има разговори за предложениот закон со претставници на политичките партии во Република Српска и Федерацијата БиХ.

– Треба да се зачува единството. Ова е една од натешките и најделикатните ситуации за Република Српска по Дејтон – рече Додик.

Според него, со последната одлука на Уставниот суд се задира во имотниот статус на РС со цел, во догледно време, според неговата оценка, да се „почне со елиминација на Република Српска, на нејзиното име и суштина“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега