Додик: Ердоган е вистински лидер, а не како тие од Западот

Милорад Додик на прес-конференцијата за медиумите во БиХ кажа дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е вистински лидер, а не како тие од Западот.

Додик уште на почетокот кажа дека посетата на Ердоган е една од најважните и истата може да ги реши проблемите.

„Ќе работиме на тоа да развиеме индустриски зони, како и енергетиката. Ние знаеме за емоциите кои ги има Ердоган и Турција, но тие ќе ни помогнат да ги решиме проблемите. Сакам да му се заблагодарам на Ердоган затоа што лично помогна БиХ да се обезбеди со голема количина на ѓубриво за да го спасиме земјоделството“, кажа Додик.

06.09.2022 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега