Додик: БиХ одлучи да не ја признае независноста на Косово

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека Претседателството на БиХ денеска одлучило да не ја признае независноста на Косово.

 

Тој на новинарите во Сараево им рекол дека гласал против признавање на Косово, дека бошњачкиот член на Претседателството Шефик Џаферовиќ бил воздржан, додека хрватскиот член Жељко Комшиќ воопшто не гласал.

„Формално-правно БиХ денеска донесе официјална одлука за непризнавање на Косово и тоа е многу значајно“, рече Додик.

Претседателството на БиХ на 17 септември првпат гласаше за ставот на БиХ околу статусот на Косово и тогаш за признавање на независноста гласаа Комшиќ и Џаферовиќ, додека Додик беше против.

Додик тогаш изјави дека тој, ако резултатот од гласањето повторно е два спрема еден, ќе стави вето на одлуката и ќе бара изјаснување за признавањето на Косово во Народното Собрание на Република Српска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега