„Додека Ѓоковиќ се обидува да го обедини Балканот, Дуа Липа ја промовира Голема Албанија“- Британски новинар ја искритикува пејачката

Откако пред неколку дена на „Инстаграм“ пораќа дека Косово не е, но и никогаш не било Србија, албанската пејачка со потекло од Приштина, Дуа Липа на повеќе платформи објави карта на Голема Албанија.

Ав – тох – тон, придавка

(на жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти, твитна 24-годишната музичка ѕвезда за своите повеќе од пет милиони следбеници на „Твитер“ и скоро 50 милиони на „Инстаграм“.

Нејзината провокација, исто како и претходната, наиде на доста коментари и отвори нови препукувања меѓу корисниците

 
 
 
View this post on Instagram

autochthonous adjective (of an inhabitant of a place) indigenous rather than descended from migrants or colonists

A post shared by DUA LIPA (@dualipa) on Jul 19, 2020 at 12:05pm PDT

 Една од најжестоките критики ја доби од британскиот новинар Сем Стрит.

„Додека луѓето како Новак Ѓоковиќ се обидуваат да го обединат Балканот и не добиваат ништо друго за тоа освен критики, Дуа Липа седи во Лондон и го објавува ова- напишал тој.

Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Иако е израсната во Англија, ова не е првпат пејачката да ги изнесува своите погледи за состојбата на Балканот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.07.2020 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега