Добро отворете очи - вака ќе препознаете месо кое не смее да се јаде

Бело воденикаво месо или големо бледо парче свинска кременадла, која не е прошарана со бела маснотија, е сигурен знак дека таквото месо во најмала рака е полно со антибиотици, хормони и адитиви.

Единствено месо кое може да се каже дека е безбедно е јунешкото, но само затоа што овие животни се хранат поинаку од пилињата и свињите, па поради тоа постојат помалку шанси да користат сточна храна полна со антибиотици. Заради тоа, важно е да се внимава кога се купува месо, бидејќи ситниците може да предупредат на неправилности, а секој може да ги воочи и препознае.

Лекарите апелираат дека толжкму антибиотиците во месото се главна причина луѓето да станат се помалку имуни на бактериски инфекции.

Мала доза антибиотици се ставаат во сточната храна, како некој вид пшревентива, која се дополнува во месото и бактериите стануваат отпорни на нив. Луѓето кои јадат такво месо, внесуваат и антибиотици, објаснува д-р Стојиќ.

Докторот вели дека кога живината ја јаде таа храна секојдневно, ѝ се уништуваат штитните жлезди, доаѓа до дисбаланс на хормоните за само 35 дена. И ако човекот го јаде тоа месо, доаѓа и до истите оштетувања кај него.

Здравото свинско месо има светла до темна црвена боја во зависност од староста. Масното ткиво мора да биде ишарано со маснотија. Во спротивно, значи дека свињата се хранела со сточна храна полна со антибиотици и затоа делува крупно. Пилешкото месо кое е полно со хормони, обично е крупно, меко, а после печење коската брзо се одвојува од месото. Бојата на месото е бледа и исто така полна со вода. Наспроти ова, домашното пилешко месо има цврста структура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега