Добро е да се знае: Листа на намирници кои можат да го ослабат или засилат дејството на лековите

 

Можеби сте слушнале дека одредени лекови не смеат да се комбинираат, но како тоа што го јадеме и пиеме може да влијае на нивното дејство? Пред за првпат да се напиете од некој лек, разговарајте со докторите за работите кои би требало да ги избегнувате.

1.Грејп

Ова агруми влијае на тоа како клетките во дигестивниот тракт ја носат супстанцијата низ телото и можат да влијаат на 50 различни лекови. Некои лекови дури и може и да ги поништи.

2.Млеко

Млечните поризводи можат да му отежнат на организмот да процесуира одреден антибиотик. Минералите како калциум и магнезиум носат дел од одговорноста. Ако пиете антибиотици, информирајте се за тоа дали постојат одредени намирници кои не смеете да ги конзумирате.

3.Чоколадо

Темоното чоколадо е една од намирниците кои можат да влијаат на делувањето на таблетите кои се наменети за полесен сон. Исто така ќе го засилат дејството на некои лекови за стимулација.

4.Додатоци во исхраната со грозје

Тие можат да ги намалат ефектите на левотироксин, познат и како Л-тироксин, кој се користи за лекување на недостаток на хормони на тироидната жлезда. Ако го користите овој лек со мултивитамини, проверете дали не содржат железо. Ако ви треба само тој додаток во исхраната, разговарајте со вашиот лекар.

5.Алкохол

Ќе го пониште дејството на некои лекови, а на таа листа се наоѓаат оние за крвен притисок и срце. Исто така, ќе го зголеми дејството на некои лекови или ќе предизвика опасни нуспојави.

6.Кафе

Кафето може да го ослаби ефектот на антипсихотиците, но да го засили делувањето на некои други лекови, како аспиринот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2020 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега