Добри вести од Гостивар: Излекувана единствената пациентка која имаше Ковид 19

Од општата болница „Д-р Ферид Мурад“ вечерва информираа дека контролниот тест на единствената регистрирана пациентка од Гостивар со коронавирус е негативен и таа е излекувана, пренесува „Гостивар пресс“.

„Посебна благодарност на пациентката која во текот на целиот период беше многу внимателна, одговорна и грижлива и со тоа ги заштити и останатите. Благодарност до медицинскиот персонал кој во секој момент покажува вистински професионализам. Да им заблагодариме и на сите граѓани кои преку социјалните мрежи упатуваат почит кон работата на персоналот и директорот д-р Јакуп Јакупи за максималниот ангажман во справувањето со оваа пандемија, која го тресе целиот свет.“, соопштиле од болницата.

Пациентката, согласно сите препораки во следните 14 дена ќе биде во домашна изолација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 22:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега