Добри вести: Нов контингент од 40.950 дози вакцини на „Фајзер“- Србија е втора во Европа по број на вакцинирани

Нов контингент од 40.950 дози вакцина против коронавирусот  „Фајзер - Бионтек“ пристигна денес во Србија.

Вакцините се доставени до Институтот „Торлак“ денес нешто после 12:00 часот.

Премиерката Ана Брнабиќ во неделата објави дека новите дози на вакцината Фајзер ќе пристигнат денес, а таа рече дека првите вакцини АстраЗенека се очекува да пристигнат во текот на неделата.

Скоро 850 000 лица се вакцинирани во Србија, а земјата е втора во Европа, по Велика Британија, според бројот на вакцинирани на милион жители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега