Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека денеска е извршена голема исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. На сметките на над 1.600 земјоделци легнаа вкупно 263.843.864 денари за мерки од растителното и сточарското производство.
Најголем дел од средствата се насочени кон градинарите и овоштарите кои го предале своето производство во преработувачките капацитети.
Детален преглед на исплатите по мерки:
- Градинарство: 136,4 милиони денари за предадени култури во преработувачки капацитети (276 корисници);
- Пчеларство: 21,4 милиони денари за регистрирано презимено пчелно семејство (1.021 корисник);
- Лозов и овошен саден материјал: 40,3 милиони денари (8 корисници);
- Семенски материјал: Над 48 милиони денари за сертифициран и основен семенски материјал;
- Овоштарство: 17 милиони денари за предадено овошје кај преработувачи (354 корисници).
Од Министерството потенцираат дека поддршката за домашното производство останува приоритет, со посебен акцент на зголемување на капацитетите на преработувачката индустрија.


