Добра вест за Македонците кои живеат или често патуваат во Германија

 

Македонија и Германија постигнале договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи, објави Дојче Веле.

Отстранети се последните пречки, и со тоа, Македонските државјани кои живеат или работат во Германија ќе можат да ги заменат своите матични возачки дозволи за Германски.
Тоа е особено важно како за Македонските државјани кои имаат постојано живеалиште во Германија, но и за оние кои често патуваат во земјата, бидејќи досега правото да управуваат со моторно возило во Германија го имаа само во првите шест месеци од престојот. Потоа, мораа да полагаат одново возачки испит.
Државите од Балканот кои не се членки на ЕУ потпишуваат билатерални договори со Германија за регулирање на ова прашање. Србија и Босна и Херцеговина веќе извесно време имаат такви договори, но Македонија немаше.

 

 

 

18.03.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа