Добра вест: Македонската полиција пронајде две лица кои претходно беа пријавени како исчезнати

 

Македонската полиција пронајде две лица кои претходно беа пријавени како исчезнати во текот на оваа недела.

Вчера околу 16 часот и 15 минути на улица „192“ во Скопје, од страна на полициски службеници било пронајдено лице кое претходно било пријавено за исчезнато.

Имено 53- годишната Б.М од Струга, која била пријавена за исчезната на 16 мај годинава година во Полициската станица Струга, вчера попладне била пронајдена.

Ден претходно пак на 21 мај, во 16 часот и 30 минути на улица „Пролет“ во Скопје, од страна на полициски службеници било пронајдено лицето 21- годишниот М.С од село Морани, скопско, кој бил пријавен за исчезнат на 30.11.2017 година во Полициската станица Драчево.

 

 

 

23.05.2018 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа