Времето утре наутро ќе биде претежно облачно, а во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Дневните температури ќе се движат во интервал од -2 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, со температури од 2 до 7 степени.

Во наредниот период следува стабилно, но студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата. За време на викендот се најавува засилен до силен северен ветер, кој локално може да надмине 60 километри на час.

Exit mobile version