Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Корените на ова верување се врзуваат за Јуда, кој го предал Исус Христос и бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Дури и денес, во многу култури се смета за лош знак ако на една маса седат точно тринаесет луѓе.
Колку овој број се смета за „баксузен“ покажува и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излези (gates), па дури ни седишта во авионите под овој број. Ако сте суеверни, постојат неколку непишани правила кои треба да ги почитувате на овој ден за да ја „избркате“ лошата среќа.
Стравот од Петок 13-ти е толку голем што има и научно име – Параскевидекатриафобија. Станува збор за чувство на непријатност и паника поврзано исклучиво со овој датум.


