Доаѓа нов студен бран:Температурите попладнево драстично опаднаа - се очекуваат врнежи од дожд и снег

Времето во Македонија беше претежно облачно, по одделни котлини магливо. Во југозападните и јужните делови беа забележани слаби врнежи од дожд и снег.

Утринската температура се движеше движи од минус три до минус 11 степени, а дневната температура од два до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура до минус девет степени, а дневната до три степени.

Во наредниот период ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла, а повеќе сончеви периоди ќе има во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.

Ова се температурите измерени попладнево во Македонија:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега