Доаѓа невреме: Метеоаларм од портокалова фаза во најголемиот дел на Македонија

Денес од пладне ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде на планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми.Како што информира УХМР, ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува брзина над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси. Во текот на денот ветерот ќе биде од јужен, а во вечерните и ноќните часови од северозападен правец.

Објавен е метеоаларм од портокалова фаза како опасност од ветер во полошкиот, вардарскиот и регионот на Пелагонија. Во останатите делови од Македонија предупредувањето е од жолта фаза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега