Доаѓа големиот празник Богородица - Што не смее да се прави тој ден

Православната Црква на 28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста.

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави тој ден. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.

Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Се верува дека ако на Голема Богородица жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.

Именден на тој ден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2019 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега