Доаѓа дожд и песок од Сахара - Следи невреме во Македонија

Поради тоа што атмосферата се повеќе се загрева и е многу спарно и тешко од утре следува период на доста нестабилно време што значи дека во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локано ќе растат и условите за поинтензивни атмосферски процеси кој ќе бидат во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните температури на воздухот ќе бидат многу високи и насекаде ќе се искачуваат над 20 степени додека во следните денови во најтоплите региони од државава истите очекуваме да се искачат до околу 30 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Поради локално поинтензивните атмосверски процеси локално има услови и за позначително количество на воден талог за кратко време со што можни се и локални поплавувања. Граѓаните во случај на појава на електрични празнења да бидат крајно претпазливи односно да не стојат на отворен простор и под осамени дрвја.

Со оглед на тоа дека во следните неколку денови ќе се врши уште поголем транспорт на прашина и на песок од Сахара дождот кој што ќе врне ќе биде многу помешан со истата.

Мачното и спарно време многу лошо ќе влијае врз граѓаните, кај поголем дел ќе се јават значителни мачнини односно главоболки, поспаност, лошење а особено врз метеопатите и возрасните луѓе и проблеми со притисокот па така и тоа како е добро да се посоветуваат со својот лекар.

Ув индексот следните денови ќе има висока вредност и ќе има коефициент 7.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега