До Николовски уште во септември стигнала претставка за Шаќири-Марковиќ дека во Театар Комедија се казнувале лицата директно со дисциплински постапки

Вицепремиерот Љупчо Николовски во ијзава за ТВ21 изјави дека уште во септември стигнала анонимна претставка за тогашната в.д. директорка на Театар Комедија, Нора Шакири-Марковиќ, во која било потенцирано дека во установата се казнуваат лицата директно со дисциплински постапки, кои не се предвидени во статусот на  истата.

Инаку, Нора Марковиќ беше разершена од фунцкијата со одлука на Министерството за култура.

Вицепремиерот Николовски уверува дека немало никаков простор за калкулации и селективност во одлуката  за нејзиното разрешување.

Тој додава дека кабинетот постапува по сите претставки кои пристигнуваат и ги спроведува до соодветната институција.

„И во овој случај беше доставен до Министерството за култура за понатамошно постапување. Нема простор за било какви калкулации и селективност во постапувањето. Сите сме еднакви пред законите и институциите мора неселективно да постапуваат владеењето на правото е основното начело по кое се водиме“, додава Николовски.

Новата замена на Шаќири е актерката Магдалена Ризова – Черних, која е вработена во Театар Комедија. Вработените пак, денеска преку видео снимка кажаа дека не ја прифаќаат новата директорка.

Како причина за нејзиното неприфаќање, го наведуваат нејзиното учество во поранешното раководство на театарот, кое пак било разрешено поради неправилно работење.

24.11.2021 - 23:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега