До крајот на неделава можно е да добиеме топли радијатори во Скопје

Во наредните денови можно е предвремено да почне грејната сезона во Скопје. Според правилникот, за тоа да се случи пред официјалниот старт на 15 октомври, потребно е средбата дневна температура прогнозирана за наредниот ден да биде 12 степени.
Според информацијата која денеска ја објави БЕГ, денешната прогноза била 14 степени со што не биле задоволени условите.
Но, метеоролозите од среда најавуваат значително намалување на дневните температури со што се отвора можност да БЕГ да почне да ги загрева домовите во Скопје.
Сепак, одлуката за тоа кога ќе почне греењето (во периодот пред 15 октомври) ја носи Регулаторната комисија за енергетика.
Од БЕГ исто така апелираат до граѓаните односно заедниците на станари кои ги немаат овозможено условите за старт на грејната сезона (проблеми со потстаниците за парно, заклучени врати и порменети брави како и проблеми со електричното напојување на потстаниците) тоа да го средат во најкраток можен рок.

04.10.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега