До крајот на месецов уште една голема пратка на вакцини во Србија

Меѓу 120.000 и 150.000 вакцини до АстраЗенека ќе пристигнат до крајот на овој месец во Србија, најави премиерката Ана Брнабиќ.

-За вакцината на Астра Зенека вакцинацијата се дава после дванаесет недели. На тој начин ќе имаме доволно време да набавиме уште. Се водиме по тоа да зимаме најдобро и најбезбедно за граѓаните на Србија. Сите светски медиуми се фасцинирани од фактот дека се направивме во предвидените рокови и ревакцинацијата која многу земји ја одложуваа, ние ја направивме после 21 ден според прописите на производителите, вели Брнабиќ.

Според неа, Србија е единствена земја која има толку голем број на вакцини, а не учествувала во третата фаза од испитувањата. Брнабиќ вели дека најголем дел од заслугата за брзата набавка на вакцините ја има токму претседателот Александар Вучиќ.

-Таков претседател нема никој. Ние никогаш немаше да ја добиеме кинеската вакцина да не беше Вучиќ. Тој разговараше со Си Џипинг, после тоа го бараше Путин само за да обебеди повеќе вакцини за граѓаните на Србија, изјави Брнабиќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега