Излезеноста во Куманово, според податоците на Државната изборна комисија до 9 часот е 2, 75 проценти.

Како што претходно соопшти ДИК, а потврди и претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска на едно избирачко место во село Живиње, каде има 12 гласачи поради немање електрична енергија согласно изборниот законик, ДИК донел одлука гласањето на ова избирачко место да продолжи со УВ ламба и УВ спреј, додека екипите не го санираат проблемот со струја. Право на глас имаат 94.041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои ќе гласаат на 164 избирачки места.

Претседателката на ОИК Липково, Ајше Демири изјави дека гласањето е тековно. Според ДИК до 9 часот гласале 2,02 проценти. Според податоците на ДИК во општина Липково има 26.362 гласачи кои гласаат на 36 места.

Во општина Старо Нагоричане гласањето е тековно изјави претседателот на ОИК, Старо Нагоричане, Марјан Даиловски. Според ДИК, излезноста е 5,29 проценти. Според податоците на Државната изборна комисија во оваа општина право на глас, имаат 3.011 избирачи кои гласаат на 36 избирачки места.

Exit mobile version