До 2050 година светот ќе се претвори во вжештена топка - питката вода ќе биде Луксуз, Лондон ќе биде топол како Барселона

Според најновите истражувања, кои ги објави британскиот Гардијан, до 2050, 77 отсто од градовите ќе поминат низ драматични и потенцијално катастрофални промени.

Во секој дел од светот ќе растат метеоролошките појави кои на тоа подрачје не биле забележани, и тоа за 22 осто.

Истражувачите заклучиле дека до 2050 година градовите на северната хемисфера, со моментално умерена или ладна клима, во иднина ќе личан на градови кои се 1.000 километри поблиску до екваторот.

Посебно ќе бидат погодени европските градови, а според предвидувањата на научниците, Лондон до 2050 година според температурите ќе биде како денешна Барселона, во Москва ќе биде како Софија, а во Стокхолм како во Виена.

За жал, според тие климатски промени нема да ја заобиколат ниту Србија, за која се предвидува пораст на нависоките температури за дури 7,9 степени Целзиусови. Нови Сад по температурите ќе биде налик Далас, а Белград налик Сан Антонио.

Најголемата дневна температура во најтоплиот месец ќе  се зголеми за 7,9 степени, а на годишно ниво тоа зголемување ќе изнесува 3,5 степени.

Таквата клима ќе предизвика глобално намалување на питката вода, а европските летни температури, кои и сега се алармантни, ќе бидат просечно зголемени за 3,5 пати.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега