До 16 часот само една тужба во Управниот суд

Управниот суд е подготвен да разгледа голем број на тужби најавени од  политичките партии, за да може во рок од 60 часа да донесе одлуки.

Ова го тврди претседателот на судот Бурим Сејдини кој вели дека доколку нема сериозни обиди за блокада ќе успеат навреме да ги решат сите доставени тужби.  На нив ќе работат пет совети составени од 28 судии избрани по случајна жрепка. Изборниот законик предвидува јавни расправи во кои подносителот на тужбата има право на збор. Сејдини вели дека доколку дојде до некоректно искористување на правото на збор, тогаш има шанси судот да се блокира.

 

„Ако е точно како што се најавува во медиумите дека би пристигнале 2.000 тужби. Само мала симулација 2.000 тужби по 5 минути во јавната расправа тоа е веќе ситуација во која ние сме надвор од законскиот рок од 60 часа. Тоа се 10.000 минути“, вели Сејдини.

Управниот суд е следна дестинација за партиите и коалициите откако Државната изборна комисија едногласно ги отфрли сите 2.142 приговори кои беа поднесени викендов во однос на гласањето и резултатите од изборите. Тужби најавија ВМРО-ДПМНЕ, исто како и коалицијата Алијанса-Алтернатива и Левица. Тужба има поднесено и едно физичко лице за прекршување на избирачкото право.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2020 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега