До 15 часот излезноста во општина Гевгелија над 40 отсто

Излезноста на гласачите на седмите локални избори во општина Гевгелија заклучно со 15 часот изнесува 40,15 отсто. Од ОИК информираа дека на гласање излегле 7.652 граѓани, односно 40,15 отсто од евидентираните гласачи.

Според бројките што ги соопштија од ОИК, блиску до гевгелиската излезнот се и општините Богданци и Валандово. Во општина Богданци до 15 часот на гласање излегле 2.505 граѓани или 37,87 отсто, а во Валандово излезноста во процент изнесува 38,6 отсто, односно гласале 3.854 од запишаните 9.992 избирачи.

Во општина Дојран е највисок процентот на излезност од 46,75 отсто, но на избирачкиот список има најмалку гласачи чиј број изнесува 2.678.

17.10.2021 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега