До 13 часот во Дебар гласале 16,4, во Центар Жупа околу 10 отсто од гласачите

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува во мирна, фер и демократска атмосфера, со постепено зголемување на одѕивот на гласачи, потврдија за МИА претсдателите на општинските изборни комисии.

-Во нашата општина до 13 часот правото на глас го остварија 3.011 лица или 16,4 отсто од вкупно запишаните 18.764 во единствениот избирачки список. Гласањето минува без проблеми. Се надеваме дека така ќе мине целиот изборен ден, вели Елмира Бакали претседателката на ОИК Дебар.

На последните избори до 13:00 часот одѕивот бил околу 18 отсто или правото на глас го оствариле 3.259 гласачи.

Во Општина Центар Жупа од вкупно 7.061 лице со право на глас, гласале 677 или 9,59 отсто. Споредено со последните избори оѕивот е повисок за нешто повеќе од четири отсто.

И двајцата додаваат дека членови на Општинските изборни комисии вршат обиколка по избирачките места, со цел од блиску да се запознаат со изборниот процес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега