До 13 часот во Центар Жупа 18,17 отсто излезност

Изборниот ден во општина Центар Жупа минува тековно, без проблеми, со зголемен процент на излезност. 

– До 13 часот правото на глас го искористиле 1286 граѓани или  18,17 отсто од вкупно запишаните 7.077 во единствениот избрачки список. Споредено со  локалните избори, од октомври  2017 година, кога излезноста во 13 часот беше 12 отсто таа сега е поголема за 6,17 отсто, изјави Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија. 

Според него, во сите 16 избирачки места изборниот ден минува без проблеми а поголема излезност се очекува во следните попладневи часови. 

Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијат е во некоја од западно европските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Тогаш излезноста беше 25,77 отсто.

17.04.2022 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега