Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 9.622.256. Од нив починале 487.340, а оздравеле 5.229.029 луѓе.

– Во Србија во полседните 24 часа се тестирани 7.311 лица, од кои 137 се заразени со новиот коронавирус.

– Маж на 52-годишна возраст, заболен од Ковид-19, почина денеска на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројката на жртви на новиот коронавирус достигна 41. Вчера беа регистрирани 95 новозаразени и 63 излекувани, а бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата изнесува 2.363. Како излекувани се водат 1.171 случај. Активни носители на коронавирусот, според последните официјални информации, се 1.151 лице. Вчера се извршени 311, а вкупно од појавата на пандемијата 22.444 тестирања.

– Во Албанија расте бројот на новозаразени, оздравени но и починати лица. Во изминатото деноноќие потврдени се 78 новозаразени, со што бројката се големи на 2.192, оздравени се 33 или вкупно 1.250, почина едно лице или вкупно 48 лица. Активни на болеста се 894, од нив 76 се на болничко лекување,од кои 14 се на интензивна терапија, додека двајца се интубирани.

– Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19 и еден смртен случај. Од почетокот на епидемијата заразени се 3.221 лице, а почина 191 лице.

– Од 1.104 тестови во изминатото деноноќие на Кипар е регистриран еден нов случај на Ковид -19 и тоа кај лице кое од странство пристигнало во земјата. Бројот на позитивни случаи се зголеми на 992.

– Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 95 новозаразени со коронавирус, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата достигна 2.483 лица. Досега се тестирани 74.657 лица, од кои 919 во последното деноноќие. На болничко лекување се 42 лица.
Вкупниот број починати и натаму е 107, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

– Во Чешка за еден ден се пријавени 127 случаи, што претставува најголем пораст во последните два месеца. Бројот на заразени се зголеми откако властите ги намалија рестриктивните мерки. Вкупно 10.780 лица се заразени, а 344 починаа.

– Во Велика Британија, според последните податоци на Министерството за здравство, од коронавирус починаа уште 149 лица, со што вкупниот број починати изнесува 43.230. Денеска е забележан благ пад во однос на вчерашниот ден кога починаа 154 лица. Бројот на новозаразени со вирусот се зголеми за 1.118 на вкупно 307.980.

Велика Британија е петта земја во светот во однос на бројот на заразени лица со Ковид-19 по САД, Бразил, Русија и Индија.

– Русија потврди 7.113 нови случаи, со што бројот на заразени од Ковид-19 достигна 613.994.

– Во Индонезија, бројот на заразени надмина 50.000, а Владата одлучи да отвори некои бизниси поради економски притисоци.

– Јужноафриканската Република пријави најголем број новозаразени за еден едн – 5.688 случаи кои се регистрирани во провинцијата Гаутенг, во која спаѓа и Јоханесбург.
Во таа земја, со можеби најостри превентивни мерки во светот, повеќе од 2.200 лица починаа од Ковид-19, а речиси 112.000 се заразени.

– Африканскиот континент бележи голем пораст на заразени, со регистрирани 10.000 случаи во последните 24 часа. Според податоците на Центарот за заразни болести и превенција на Африка, вкупно има 326.000 заразени.

– Индија во последните 24 часа пријави речиси 17.000 нови случаи и 418 починати, така што во земјата има вкупно 473.894 заразени, а околу 15.000 починати, соопшти Министерството за здравство.

Њу Делхи е најтешко погоден од епидемијата на коронавирусот, каде повеќе од 70.000 граѓани се заразени, па градските власти решија да одат од куќа до куќа и да го прегледаат секој жител, тестирајќи ги оние кои покажуваат или се жалат на симптоми.

Владата стравува дека бројот на заразени може да помине половина милион и ја разгледува можноста луксузните хотели и стадиони да ги претвори во Ковид-болници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа