Дневен хороскоп: Шанса за врска за Стрелецот, Лавот под стрес, љубовни проблеми за Девица

ОВЕН

Можно е да не сте сосема задоволни од околностите кои ги имате на ова поле, и на некој начин пробувате да ги промените. Во врската не ја добивате љубовта која ви е потребна, и подготвени сте да одите напред. Малаксаност.

БИК

Вашата комуникација со соработниците во следниот период би можела да доведе во нови, креативни решенија. Како да немате желба со партнерот да разговарате на многу теми, некако се повлекувате во себе. Црниот дроб ви е чувствителен.

БЛИЗНАЦИ

Иако не очекувате многу, денешниот ден би можел да ви донесе некои пресврти по ова прашање. Вашата врска со саканата личност ќе ја донесете до раскрсница на некој начин. Сакате големи промени. Добро здравје.

РАК

Чувствувате дека дошол моментот да се фокусирате на други работи за да одморите од работа, и да ја оставите на страна. Можно е да ви е многу тешко пред саканата личност да ги покажете своите чувства. Контролирајте ја штитната жлезда.

ЛАВ

Во вас постои многу елан да се посветите на својата работа. Мотивирани сте и наоѓате решение за се. Ако и покажете на саканата личност подготвеност за компромис, вашиот однос би можел да се поправи. Проблеми поради стрес.

ДЕВИЦА

Покажете трпение во комуникацијата со соработниците за да успеете да најдете заедничко решение. Крајот на вашата врска доаѓа во следниот период. Ќе ви треба време за да бидете подготвени за нова љубов. Проблеми со уринарните патишта.

ВАГА

Ве чека период во кој генерално ќе бидете задоволни од ситуацијата која ја имате на работа. Не ве очекуваат големи грижи. Промените кои вашиот партнер ги сака, сега се тешко изводливи. Можно е да имате несогласувања. Имате вишок енергија.

ШКОРПИЈА

Време е да донесете одлука околу почнување на нова работа. Подготвени сте да се посветите на нови предизвици. Со саканата личност имате доста расправии. Следниот период не е поволен за вашиот однос. Проблеми со грлото.

СТРЕЛЕЦ

Добивате се повеќе понуди на работното поле. Подготвени сте да се посветите на своите работни цели. Периодот кој претстои на некој начин е предизвикувачки за вас. Имате шанса за врска. Внимавајте на здравјето.

ЈАРЕЦ

Ви станува јасно дека со своите соработници имате различни ставови и не се вклопувате најдобро. Ако постои личност која ви се допаѓа, би можеле да го освоите неговото внимание. Наклонетост кон меланхолија.

ВОДОЛИЈА

Бидете подготвени на изненадувања кога е во прашање ова поле. Нема да биде се онака како што очекувате. Вистинско време да се смирите со партнерот од минатото кон кој и натаму имате чувства. Психолошки проблеми.

РИБИ

Се наоѓате под голем стрес. Денешниот ден ви носи мали работни проблеми. Ве чека ново познанство со личност која е родена во некој земјен знак. Подготвени сте за љубовни промени. Редовно јадете.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега