Дневен хороскоп: Ракот во врска ќе доживее незаборавно еротско искуство, Овенот не е свесен за грешките

ОВЕН

Неврзаност, отвореност , потреба за слобода дури и кога може да повредите други- тоа е суштината на вашите односи денеска. Не сте свесни за своите грешки. Потребно е да проверите што сте работеле , како сте ги поставиле работите и каде има пропуст. Бидете објективни.

БИК

Ќе се двоумите околу еден приватен однос. Ќе ви недостигаат вистински мотиви или самодоверба. Размислете. Ќе се разработи нов канал за заработување пари.Можно е да се работи за нешто хонорарно , но исплатливо. Имате причини и за радост и за тага.

БЛИЗНАЦИ

Со партнерот денеска речиси телепатски ќе си разменувате идеи. Ќе биде тоа особено искуство. Ќе поработите на поврзувањето со деловните партнери од странство. Таквата работа многу ветува. Подобрување на здравјето

РАК

Оние кои се во врска денеска би можеле да доживеат многу убаво и незаборавно еротско искуство. Осамените ќе бидат многу привлечни. Ќе најдете начин да повлечете пари од други луѓе. Формулата на успехот ќе биде во тоа што ќе им се вовлечете под кожа. Денеска имате влијание врз другите.

ЛАВ

Подготвени сте на компромиси и соработка. Тоа е паметно , а ќе ви донесе и подобрување на личните односи. Не се занесувајте со големи дела, иако сте свесни дека работите посериозно од многумина. Такви се и резултатите, успешни. Продолжете понатаму без нервоза.

ДЕВИЦА

Денеска би можеле да се ангажирате околу член на вашето семејство . Ќе мора да му обрнете особено внимание. Ќе решавате за тоа како конечно да завршите еден проект или работа. Ќе бидете подготвени да пресечете и да одите на ново место. Можни се мали проблеми со видот.

ВАГА

На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Ќе биде задоволна иако тоа нема да биде многу реално. Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе се потпираат на своето стручно знаење со кое ќе си ги отвораат патиштата. Имате сила за двајца.

ШКОРПИЈА

Некој од вас двајцата ќе се обиде по секоја цена да го наметне своето мислење. Веројатно дека тоа ќе бидете вие. На повидок е судир или недоразбирање со претпоставените. Иако бргу ќе помине , подобро воопшто да не влегувате во расправија. Бидете трпеливи.

СТРЕЛЕЦ

Ќе тактизирате за да ја придобиете другата страна. Ќе бидете делумно успешни , но не се занесувајте премногу. Освен што ќе бидете на услуга и таму каде што нема да биде неопходно, ќе сметате дека ви припаѓа повеќе отколку што заработувате. Не споредувајте се со другите.

ЈАРЕЦ

Во комуникацијата со лицата од спротивниот пол , денеска ќе бидете брутално искрени , но тоа ќе ви помогне некого и да придобиете. Ви претстои впечатливо службено патување или состанок на кој нема да се избираат зборови.На многумина им е преку глава. Вие сте добро.

ВОДОЛИЈА

Ќе ви недостига она зрно на лудост , што го прави волшебен љубовниот однос.Опуштете се и дозволете си мала откаченост. И денеска ќе бидете преокупирани со пари и прашањата на заработувачката. Како да немате мир додека не ја поправите финансиската состојба. Не е се во материјалното.

РИБИ

Се уште нема цврсто да стоите на земја.Ќе имате успех кај спротивниот пол , но бидете што можете пореални. Ни за што на светот не би пропуштиле добра дискусија . Сепак , овој пат треба да ги одмерувате своите зборови. Бидете јасни и недвосмислени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега