Дневен хороскоп: Посвете им се на семејството и блиските

Овен

Периодов имунитетот ви е слаба страна и погрижете се да внесувате што повеќе витамини. Посветете се на семејството и блиските, затоа што им требате, иако ви изгледа дека секогаш нешто барат од вас. Обновете си ја комуникацијата со симпатијата. На работа ви следат потешки комуникации во разговорите со колегите, чувајте енергија за она што следи.

Бик

Внимавајте кога грицкате навечер – тоа ќе се одрази на вашиот сон. Слободните бикови можеби ќе најдат нова љубов или ќе обноват старо познанство. На работа, притисокот од обврски ќе се намалува, но внимавајте на важни хартии, договори и имотни листови за кои треба да имате потписи или некаква одговорност.

Близнаци

Променете нешто во исхраната или започнете со некој нов режим. Потрудете се денес да најдете заеднички модел на функционирање со партнерот или потенцијалната љубов, за да немате главоболки. Периодов ќе имате повеќе луѓе со кои деловната соработка може да ви направи тензија, така што навреме отворете ги картите.

Рак

Не претерувајте со пороци, слатко и храна што ви е утеха. Полната Месечина во вашиот знак значи мир во љубовните односи, но и емотивни почетоци за слободните ракови. Некои од вас ќе направат акција на дело. На работа, обврските ги трупате, додека целосно не ве покријат. Преземете нешто околу тоа, а периодов не е поволен за кредити, долгувања и сметки.

Лав

Како огнен знак кој ужива со апетит, периодов кажете стоп. Чувајте го имунитетот. Во љубовта, ќе вадите се’ што ви се собрало периодов. Оние чии односи со партнерот се расклимавени, ќе имаат слобода да кажат што ги мачи, а слободните лавови ќе променат нешто и ќе му кажат збогум на минатото. На работа ќе имате изгладување на односите што ви создавале главоболка.

Девица

Напорно ви е во сопственото тело, а и сами знаете дека не правите ништо за да го подобрите. Внимавајте на органите за варење. Во љубов, влегувате во период на опуштеност и желба за убави промени. На работа ќе имате доста обврски и нови одговорности, но и застој не по ваша вина. Само полека и кажете ги работите што ги мислите.

Вага

Движете се повеќе и направете си проверка на хормоните. Не оставајте некои ситни незначителни болки да ви се претворат во проблем. Периодов за љубов е стихиен, затоа што имате премногу мисли во вас, а не ги споделувате со партнерот. На работа пак имате успех и нештата течат глатко, фокусирани сте и имате пари, но и ги трошите, и така во круг.

Скорпија

Кога се мисли на внес на калорична, здрава храна, не се мисли на посегнување по слатки и тесто. Внимавајте на желудникот деновиве. Во љубовта пак, сте полни надеж и оптимизам и она што сакате да направите, ќе ви оди од рака. Но, ако не се случи ништо, фантазирајте. На работа немате многу мотивација, но ќе совладате се’ што доаѓа, а и тоа што се мора. Ќе видите финансиски резултати набрзо.

Стрелец

Некогаш сте бесни на себе што си ускратувате уживања, некогаш се охрабрувате да продолжите со тоа темпо. Чувајте си го психолошкото здравје. Со партнерот ќе имате отворен разговор и нема да тече совршено, но барем ќе знаете на што сте. Многу приказни чекаат на вас. На работа имате крстопат и време е за одлука со која ќе си го промените животот. И мала промена, ќе ви донесе добри резултати.

Јарец

Подобрете си ја исхраната и не избегнувајте овошје и зеленчук. Квалитетот на она што внесувате е и како ќе изгледате. Во љубовните односи ќе имате преосетливи релации со партнерот или потенцијалната љубов. Секој ќе држи своја страна, а вашата јаречка упорност и инает нема да ви биде од полза. Опуштете се.  Најмногу сте окупирани со вашата работна и финансиска активност, а тоа може да ви предизвика тензија. Сепак, ќе имате главна улога во една ситуација.

Водолија

Балансирајте со исхраната и чувајте си го стомакот полн, но не и претеран. Оптоварени сте со обврски и незадоволство и тоа може да ви биде пречка за интима со партнерот. Барем сменете чекор во односот и направете муабет. Слободните водолии ќе влезат во акција. На работа имате многу нервоза, а тоа ви влијае директно и на либидото. Не влегувајте во конфликти непотребно со соработниците и направете организација од која сите ќе имате полза.

Риби

Не го занемарувајте вашето тело и дајте му ја храната што ја сака, но во умерени количини. Преплавени сте со емоции периодов и дозволете си да плачете и да се радувате пред партнерот, без страв од осуда. Ослободете си ги мислите што ве заробуваат, полека и ќе дојде се’ на свое место. Кариерата ви е динамична, но тоа не ве загрижува затоа што самите сакате да работите така, тоа ви носи мотив и добра енергија.

 

23.01.2022 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега