Дневен хороскоп: Овенот зрачи со оптимизам, Близнаците да внимаваат кому му се доверуваат

Овен

Ќе зрачите со оптимизам и постојано ќе гледате на светлата страна на животот. Можни се поводи за славење, но ќе мора да ги поминете во домашна атмосфера. Сепак, одбележете. Ако работите, ќе имате шанса да ги демонстрирате талентите. На љубовно поле сте директни и ќе внесете хармонија. Можно е да запознаете личност која е подготвена сосема отворено да ви ги покаже своите чувства

Бик

На професионално поле, главно ќе дејствувате од сенка. Тоа моментално ви одговара. Шансите за истакнување ќе дојдат подоцна. На емотивно поле, добар пријател или пријателка денеска ќе ви предложи нешто интересно што ќе го вклопите во вашата љубовна врска. Леснотијата со која ќе се дружите со пријателите ќе биде голема. Некои преку нив ќе најдат нова љубов.

Близнаци

Вашите зборови денес ќе имаат моќ да нанесат силен удар или да разубават нечиј ден, избирајте ги внимателно. Ако не сте сигурни дали треба нешто да кажете, можеби е подобро да премолчите. Вратете се неколку чекори наназад и добро размислете. Пријателите може да имаат големо влијание на вашето однесување. Сепак, не треба да се доверувате на оние што одамна сте ги оставиле зад себе според зрелоста.

Рак

На професионално поле, ќе има сѐ повеќе работа, а можно е да ви дадат и нови задачи или некого ќе заменувате на работното место. На емотивно поле, она што ви недостига во односот со саканата личност ќе се обидете да го надоместите со добро однесување и љубезност. Потребно ви е повеќе време да поминувате со саканата личност. Стрпете се.

Лав

Не се срамете да ги кажете вашите идеи, охрабрете се. Вашите пораки ќе бидат добро прифатени. Внимавајте да не злоупотребите консумација на одредени супстанци. Оние кои работат, ќе се извлечат од некој тежок проблем. На љубовно поле влегувате во нова фаза. Време е за промени. Бидете безгрижни и слободни. Претпазливост со финансиите.

Девица

На емотивно поле, сметате дека некои потреби на саканата личност се претерани и дека не може да ги исполните. Тоа уште повеќе ќе ве оддалечи. На професионално поле, можно е денеска да работите повеќе од вообичаеното, зашто има многу работа. Нема да ви биде тешко. Другите ќе се опуштат. Пресметајте си што имате на сметката и кредитната картичка.

Вага

Денеска ќе добиете можност за почеток на нова работа. Може да очекувате дека ќе дојдете до некои важни информации. Се плашите од искрен разговор со саканата личност. Доста работи ве оптоваруваат и загрижуваат. Ако сте сингл, ве очекува ново познанство кое ќе биде значајно за вашиот емотивен живот во иднина. Внимавајте на здравјето, проблеми со грбот.

Скорпија

Нема да ви биде лесно да го искажете јасно и гласно она што го мислите и чувствувате. Во добра форма сте, но контролирајте го апетитот. Не се прејадувајте. Ако работите, ќе почувствувате натпревар со оние поамбициозните. Не се плашете, само дајте го најдоброто од себе. На љубовно поле ве очекуваат убави моменти, дајте време за да видите како се остваруваат соништата.

Стрелец

Љубовта може да ви го разубави денот доколку ѝ дозволите. Денес обврските ќе ве притискаат, но доколку партнерот ве прегрне, не се оттргнувајте од неговата прегратка за да измиете уште неколку садови. Препуштете му се на моментот. Да, разумот е важен, но сепак, понекогаш треба да го следиме срцето. Некои Стрелци со статус сингл ќе му се јават на оној кој го посакуваат.

Јарец

На емотивно поле, како да живеете во некој страв да не останете сами. Не се сомневајте во своите љубовни способности. Личноста што ви се допаѓа е исто така заинтересирана за вас. На професионално поле, оние што сакаат да сменат нешто на работното место, на чекор се до исполнување на тој план. Треба само да одредите на кој начин. Имате повеќе опции, одберете ја најпрофитабилната.

Водолија

Време е да го промените вашето руво! Разбудете се од зимскиот сон и примете ја пролетта во себе. Заменете ја мрзливоста со енергични активности, заменете ја мрсната храна со порции богати со зеленчук, заменете ја втората шолја кафе со чај. Искористете го слободното време за да си ја подобрите и исхраната и фитнес навиките. Излезете од изолација со телото што отсекогаш сте го посакувале.

Риби

Ќе бидете добро расположение и нема да дозволите никој да ви го земе позитивниот дух. Вашиот труд ќе биде награден, а ќе бидете и самите задоволни од себе. Ако работите, среќата ќе ве прати. Соработувајте со колегите, дури и ако тоа е виртуелно. На љубовно поле време е да избегате од рутината. Правете нови работи заедно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега